Луксузен и шармантен хотел во Лисабон

Точка

14/12/2017

19:10

3.431

Големина на фонт

а а а

Еден од најубавите и најпријатните градови на светот, Лисабон е познат по својата топла и сончева позиција. Во прашање е жив и шаренолик град кој поседува бројни знаменитости, неверојатен поглед и свежо океанско ветре. Доколку сакате да ја посетите неверојатната престолнина на Португалија, ви го претставуваме овој прекрасен хотел Verride Palacio Santa Catarina.

Архитектурата на градот е класична во комбинација со модерни ентериери. Овој луксузен хотел успеал да ги зачува сите свои оригинални детали, односно поседува дрвени плафони и барокни детали комбинирани со сите модерни лускузни работи кои ви се потребни. 


Токму тие финеси од 21 век го прават овој хотел удобен и шик, додека неговата тераса која се наоѓа на кровот ги повикува гостите да уживаат во панорамскиот поглед на градот, реката Тагус и Атлантскиот океан.


Кога ќе почувствувате дека сте гладни, посетете ги двата ресторани кои овој хотел ги поседува. Суба сервира автентична португалска кујна со модерен пресврт, а Криатура комбинира превкусни, мистериозни состојки во тапасите уживајќи во опуштениот амбиент. На крајот од денот, зајдисонцето испратете го од терасата на кровот во комбинација со вашиот омилен пијалак.


Многу веројатно е дека ќе сакате да останете во хотелот цел ден, но имајте во предвид дека Лисабон е еден од најубавите градови кој вреди да го прошетате, а потоа со насмевка на лицето вратете се во хотелот.