Пратеничката Жаклина Стефановска, пратеникот Крсто Муковски, пратеникот Љубен Арнаудов од Охрид, но и неколкумина други утринава се уапсени од полицијата, објавува порталот „Република“.
Покрај пратниците полицијата ги привела и актерот Владо Јовановски, и Горан Ангелов – Ќосето од Велес. Според неофицијални информации, сите се уапсени за немирите во македонското собрание на 27 април, годинава.
Приведувањата биле извршени по налог на јавен обвинител.