Шасивари: Владеењето на правото и силните институции се темелот на секое успешно општество

Макфакс

14/09/2026

16:20

131

Големина на фонт

а а а

Министерот за правда Јетон Шасивари ја истакна важноста на владеењето на правото и силните институции како клучни елементи за успешен развој на Северна Македонија и нејзиниот напредок кон Европската унија.

На средбата со директорката на Светска банка за Косово и Северна Македонија, Карол Межеван, министерот за правда Јетон Шасивари разговараше за новиот извештај на Светска банка и реформите што се потребни за Северна Македонија да направи клучен исчекор на патот кон ЕУ.

За Министерството за правда, тоа значи ефикасно и независно правосудство, силни институции и европски стандарди што граѓаните ќе ги почувствуваат во секојдневниот живот.