Еве што се случувало од другата страна на вратата од судницата во Хаг! Генерал Младиќ: Жено, сине, не плачете, ова е само полувреме

Точка

23/11/2017

18:42

9.140

Големина на фонт

а а а

Секако дека бил лут, но тој ова го очекуваше. Повеќе не тешеше тој нас отколку ние него. На Босиљка и велеше да не се нервира", рекол за српски "Kurir", синот на генералот, Дарко Младиќ.

Дарко Младиќ, син на осудениот генерал, за Kurir.rs рекол дека Ратко Младиќ во најдраматичните моменти од изрекувањето на пресудата ја тешел сопругата Босиљка и ја убедувал дека ова е далеку од негов пораз. 

"Секако дека беше лут, но тој очекуваше нешто вакво нешто. Повеќе не тешеше тој нас, отколку ние него. На Босиљка и велеше да не се нервира и да не плаче, бидејќи ова е само прво полувреме и дека ништо не е готово. Пресудата е погрешна. Ништо не постигна и ќе биде пречка за нормален живот во регионот", рекол Дарко Младиќ за Kurir


Тој рекол и дека Ратко Младиќ, веднаш по завршувањето на читањето на пресудата, им порачал на сите дека сето ова е лага и дека Хашкиот трибунал е комисија на НАТО "која се обидува да го криминализира српскиот народ, кој само се штител од агресија". 

"Откако заврши војната во поранешна Југославија, немаше прекин на огнот ширум светот, и не видовме верзии на генералот Младиќ во Сирија или некаде на други место. Истовремено, кога другата страна ќе се одлучи за такви потези, тогаш нема судење за злосторства. На секој чекор можеше да се види пристрасност во ова судење и јасно е дека ова е политичка работа", уверен е Младиќ. 


Најавувајќи жалба на вчерашната пресуда, синот на генералот вели дека тоа ќе биде "буквално борба за неговиот живот". 




Спонзорирани линкови

Маркетинг