Фудбалерите на македонскиот шампион Вардар синоќа беа поразени на гостувањето кај Розенборг со 3:1.
Избраниците на Чедомир Јаневски претрпеа уште еден пораз, но овој пат сите аплаузи ги доби Фелипе кој што на маестрален начин го постигна првиот гол на Вардар во второто по ранг европско клубско натпреварување. Фелипе во самиот финиш од натпреварот, забележа дека голманот на домаќините е излезен од голот, па со прекрасен лоб го матираше и ги постави конечните 3:1.