Тренерот на Вардар: Пресуди искуството на противникот

Точка

29/09/2017

09:06

617

Големина на фонт

а а а

Синоќа фудбалерите на Вардар го претрпеа вториот пораз во групната фаза од Лига Европа. На гостувањето кај Розенборг беа поразени со 3:1.

По натпреварот, тренерот на Вардар, Чедомир Јаневски им ја честиташе победата на домаќините и истакна дека искуството на фудбалерите на Розенборг било пресудно.

„Сакам да им честитам на Розенборг за победата. Мислам дека и покрај поразот, натпреварот мина во егал, рамноправно. Двата тима пробаа да играат фудбал. Имавме свои шанси, онаа прилика на 0:0 кога ја погодивме стативата. И кога нема да се даде гол, се прима, тоа е така во фудбалот. Розенборг реализираше од пенал, но претходно на 30 метри можеше да биде направен ситен прекршок, но не го направивме. Тоа е резултат на нашето неискуство. И после 1:0 имавме шанси, пробавме да играме офанзивен фудбал, но вечерва немавме во нашиот тим вистински голгетер. Честитки за мојот играч кој што играше на таа позиција, даде се од себе. Во вториот дел бевме повторно рамноправни, повторно имавме шанси, и примивме втор гол кој што го одлучи овој натпревар“, изјави Јаневски и додаде:

„После тоа направивме измени, внесовме во игра двајца млади играчи. Успеавме да постигнеме гол, кој што за жал дојде во финишот и не можеше ништо резултатски да промени. Сакам да кажам дека сум задоволен од играта на мојот тим, бидејќи беше поинаква од првиот меч против Зенит на домашен терен во Лигата на Европа. Сигурен сум дека ако продолжиме во овој стил како вечерва, бодовите ќе дојдат на некој од следните натпревари. Денеска победи тимот кој што имаше повеќе искуство во вакви мечеви и ги реализираше своите шанси“, изјави Јаневски.