Јаневски: Да одиграме добар натпревар

Макфакс

28/09/2017

11:24

548

Големина на фонт

а а а

Фудбалерите на Вардар вечерва во Трондхајм против Розенборг ќе го одиграат натпреварот од второто коло во Лига Европа. Според зборовите на шефот на стручниот штаб, Чедомир Јаневски, Вардар ќе се обиде во Трондхајм да одигра добар натпревар.

„Имаме респект за нашиот противник затоа што има огромно искуство со европски натпревари. Но, ние веруваме во нашиот квалитет и веруваме дека можеме да стигнеме до позитивен резултат. Не би сакал никого да издвојам од противничката екипа бидејќи тие се добри како колектив. Ги гледавме неколкупати во оваа сезона, направивме добра анализа. Подготвени сме да се надигруваме со противникот. Сите го знаеме Бендтнер, кој има играно во големи клубови, има многу вакви натпревари, но исто така Розенборг е екипа која поседува одлични играчи во средината на теренот. Не можам да кажам дека сигурно ќе победиме, тоа е тешко да се каже, особено на вакви натпревари, но дојдовме тука да одиграме добар натпревар и се надевам дека тоа ќе ни донесе позитивен резултат. И ние и Розенборг имавме лош старт во групната фаза од Лигата на Европа, и сега на некој начин двата тима ги посакуваме првите бодови“, рекол Јаневски во пресрет на дуелот со норвешкиот тим.

Дуелот на „Лекрендал“ стадионот ќе почне во 19 часот, а ќе го суди Георги Кабаков од Бугарија.