Алкарас спасуваше сет топка, па доби индиректна помош од Шаповалов во Токио

Дерби

04/10/2026

11:28

158

Големина на фонт

а а а

Карлос Алкарас избори полуфинале на турнирот во Токио, во уште еден меч во кој доби силен отпор, но и индиректна помош од противникот.

Денис Шаповалов влезе во дуелот максимално мотивиран и добро го намачи фаворитот, во првиот сет кој донесе дури шест брејка, по три на двете страни, а канадскиот тенисер имаше и водство од 5:3, како и сет топка на 5:4, кога Алкарас сепак успеа да се извлече и да го одведе мечот во тај-брејк.

Шпанецот беше поуспешен со 7:3 во решавачката етапа, поведе со 2:1 во вториот сет, но едно неприродно движење на Шаповалов при форхенд удар му донесе повреда, која не успеа да ја санира и со помош на лекарскиот тим.

Тоа го натера Шаповалов да го предаде мечот, па Алкарас избори полуфинале на силниот турнир во Јапонија.

Следен противник на Шпанецот ќе биде неговиот сонародник Хауме Мунар, кој како квалификант стигна до полуфиналето.