Родителите проговорија за мистериозната смрт на својот син: Од Северна Кореја се врати глув и слеп, а набрзо потоа почина

Точка

27/09/2017

13:01

5.629

Големина на фонт

а а а

Ото Вармбир, американскиот студент почина во јуни 2017-та година, една седмица откако што беше вратен во Соединетите Американски Држави, односно ослободен од затворската казна во Северна Кореја.

Американскиот претседател Доналд Трамп жестоко реагираше и ги обвини властите од Пјонгјанг дека „го мачеле повеќе отколку што може да се замисли“ американскиот студент кој беше уапсен во јануари 2016-та година и помина 18 месеци во затвор во Северна Кореја додека не беше вратен во САД во кома.

Реакцијата на Трамп доаѓа после вчерашното интервју на родителите на починатиот студент во емисијата "Fox and Friends". Тоа е нивното прво интервју после смртта на нивниот син, при што родителите ги обвинија севернокорејските власти дека нивниот син бил измачуван и намерно повредуван.

Од друга страна, од Пјонгјанг реагираа и негираа дека 22-годишниот Американец бил измачуван или малтретиран на било кој начин.


Ото Вармбир почина на 13-ти јуни, неколку дена подоцна откако беше вратен во САД во кома, после 18 месеци поминати во затвор во Северна Кореја. Беше осуден во 2016-та година на 15 години затвор со тешка работа, поради кражба на пропаганден плакат за време на туристичкото патување.

Засега не е познато зошто тој бил вратен во САД во кома. Неговите родители откриваат дека кога бил вратен во САД, тој бил глув, слеп и често неконтролирано се тресел и правел „нечовечки звуци“. Исто така, на американскиот студент чудно му изгледале и забите, како некој со клешти да им го менувал распоредот.

„Кога пристигнавме на аеродром да го пречекаме синот, слушнавме од авионот некои чудни звуци. Неговата глава беше избричена и имаше цевка на носот. Гледаше во празно додека неконтролирано се тресеше неговото тело“, раскажаа неговите родители.

„После два дена, доби висока температура. Имаше огромна лузна на десната нога. Тие го имаа уништено. Тие се терористи“, изјави мајката на починатиот американски студент.