По шокантната објава која го потресе светот: Ким ги преместува бомбардерите на источниот брег

Точка

26/09/2017

12:30

5.369

Големина на фонт

а а а

САД намерно ја откриле траекторијата на летот на својот бомбардер, бидејќи Пјонгнјанг не распологал со тие информации, стои во извештајот.

Северна Кореја преместува борбени авиони и ја засилува одбраната на својот источен брег, откако САД пратиле бомбардери "B-1B" на Корејскиот полуостров за време на викендот, јавува денес јужнокорејската агенција "Jonhap", повикувајќи се на разузавачката служба. 


САД намерно ја откриле траекторијата на летот на својот бомбардер, бидејќи Пјонгнјанг не распологал со тие информации, стои во извештајот. 


Разузнавачката служба на Јужна Кореја не можела да ги потврди овие информации. 


Севернокорејскиот министер за надворешни работи изјавил вчера дека претседателот на САД, Доналд Трамп, и објавил војна на Северна Кореја и дека Пјонгјанг го задржува правото да преземе контрамерки, вклучувајќи и соборување на американски авиони, дури и ако тие не се на воздушниот простор на Северна Кореја.