Северна Кореја повторно се заканува. Ветила дека ќе ја потопи соседна Јапонија и нa "пепел и мрак" ќе ги сведе САД, откако Советот за безбедност при ОН објавил дека на Пјонгјанг му воведува нови санкции, а потоа повторно лансирала балистичка ракета која прелетала преку Јапонија и предизивикала низа нови реакции.
Комитетот за надворешни работи во Пјонгјанг коментирал дека САД ги подмитуваат членовите на Советот за безбедност, за да ги извршуваат наредбите на Вашингтон.
Поприлично необично, но Јужна Кореја овие денови јавно зборувала за план за атентат на севернокорејскиот лидер Ким. Во средиштето на тие планови е единицата "Спартан 3000", јавува New York Times. Јужна Кореја открила дека таа единица планира да ја оформи до крајот на годината, а би ја сочинувале меѓу 2.000 и 4.000 војници.
Во исто време се работи на прилагодување на хеликоптер и транспортни летала за пенетрација на севернокорејскиот воздушен простор во текот на ноќта, открил за тој американски весник Сонг Јунг-Мо, јужнокорејски министер за одбрана. Ким не би требало да спие мирно ако продолжи со нуклеарните проби.
"Најдобриот штит кој можеме да го имаме, освен поседувањето на нуклеарно оружје, е стравот на Ким Јонг Ун", објасил пензионираниот генерал на јужнокорејската војска, Син Вон-Си.
Сеул очигледно игра на психолошка карта - елементот на изненадување не е важен, важно е да се направи Ким нервозен. На некои тоа им звучи лошо испланирано, бидејќи младиот лидер на северниот дел на Корејскиот полуостров редовно тестира нуклеарно оружје, а ракетите му се се подобри. Но, заканата од Пјонгјанг, велат други, не е правилно замислена. Таа е баланс на страв.
Од неофицијални извори не е потврдено колку далеку во воените амбиции всушност дошол режимот во Пјонгјанг. Но, воените стратези од Југот се сигурни дека распола со 5.200 ракети кои се способни за лансирање на Сеул во првите десет минути од војната.
New York Times објавил детали за три воени програми кои ги вовела Јужна Кореја, директно насочени кон севернокорејската опасност. "Kill Chain" е програма насочена на детектирање на закани за бомбардирање од Северна Кореја и преземање на превентивен удар. Вториот е корејскиот воздушен и ракетен одбранбен програм, а третиот е Корејскиот програм за одмазда, во кој спаѓа единицата "Спартан 3.000".
Претседателот на земјата, Мун Џае Ин, Јужнокорејците го избрале поради умерените ставови за решавање на проблемот со соседот. Повеќето Јужнокорејци се противат на предизвикувањето на нестабилниот сосед, но владата е во незгодна ситуација. Како да не се провоцира Ким, а да се зашитити државата. Иако Мун Џае Ин на Ким му нуди преговори, тој уште за време на кампањата најавил зголемување во издвојувањето за одбрана. Воениот буџет на Јужна Кореја би требало да порасне од 2,4 проценти од БДП на 2,9 проценти.
Покрај дипломатско решение, јасно е дека се работи и на план Б. На пример, плановите за американскиот антиракетен штит "THAAD" одат понатаму. Сеул со Вашингтон договорил и укинување на огранучувањата за воено вооружување. До крајот на оваа година над Корејскиот полуостров ќе патролираат американски надзорни дронови "RQ-4 Global Hawk".
Како што наведува New York Times; мерките во Јужна Кореја веќе делувале на Пјонгјанг. Јужнокорејските разузнавачи тврдат дека Ким почнал да ги користи автомобилите на своите соработници како мамки, додека се движи по земја. Некои експерти од Југ истакнуваат дека Сеул треба да се потпре само на нуклеарната сила. Плановите за заплашување на Ким можеби се успешни, но удар на него би предизвикал противреакција. Жртва би бил Сеул, град со 25 милиони жители.