Путин: Северна Кореја треба да се вклучи во заедничките регионални проекти

Макфакс

07/09/2017

11:49

498

Големина на фонт

а а а

Рускиот претседател Владимир Путин убеден е дека во североисточна Азија нема да има конфликти со употребата на оружје за масовно уништување и смета дека Пјонгјанг би требало да се вклучи во заедничките проекти на регионалните соработки.

Тој нагласи дека постои можност да се постигне решение за проблемот со Пјонгјанг со дипломатски средства.

„Тоа е можно и мора да се направи“, изјави Путин на Источноекономскиот форум (ЕЕФ) во Владивосток. Тој смета дека и Северна Кореја треба да биде вклучена во заедничките проекти за да се намалат тензиите на Корејскиот Полуостров.

„Северна Кореја треба постепено да биде вклучена во регионалните соработки, Русија има некои конкретни предлози, кои им се познати на сите, а кои би вклучиле заедничка железничка мрежа која би ги поврзала Транссибирската и Корејската железница преку Северна Кореја“, изјави рускиот претседател.

Путин додаде и дека може да се работи и на развојот на инфраструктурата за транспорт на гас, како и на севернокорејските пристаништа, пренесе ТАСС.



Спонзорирани линкови

Маркетинг