Се враќа Шкода Фелиција?

Точка

15/08/2017

18:45

4.493

Големина на фонт

а а а

Шкода би можеле повторно да го активираат името Фелиција за еден од своите идни модели, но тој значително би се разликувал од претходниот автомобил со овој назив кој то се продаваше во 90-тите години и беше вистински хит и во Македонија.

Чешкиот производител на автомобили планира „офанзива“ на пазарот со електрични автомобили, а како што пренесува AutoExpress, електричните автомобили на Шкода би требало да ја имаат ознаката „Фелиција Е“.

Последната Шкода со вакво име беше хечбек автомобилот кој што се произведуваше од 1994-та до 2001-ва година.


Евентуалниот наследник ќе биде чисто електричен автомобил, со „Е“ ознаката, поставен на "MEB" механичката платформа на Фолксваген за електрични модели, а целиот концепт ќе се базира на веќе претставениот концепт на германскиот производител VW I.D. од 2016-та година.

Како што дознава AutoExpress, новата Фелиција Е ќе биде по димензии слична на Шкода Рапид "Spaceback", но со поголем простор во патничката кабина, дури и повеќе од моделот Октавија.


Тоа нема да биде единствениот модел на Шкода кој ќе има електричен мотор, со оглед на тоа што чешкиот производител на автомобили планира и продукциска варијанта на Vision E концептот кој што беше претставен во април оваа година. Станува збор за електричен кросовер кој по големината ќе биде позициониран помеѓу SUV моделите Karoq и Kodiaq.