Коренот на Мака (lepidium meyenii), е адаптоген и член на семејството зеленчуци како брокула и зелка, но поради нејзините уникатни својства таа се смета за една од светските природни "супер-храна" продукти. Маката се одгледува високо во планините во Јужна Америка, главно во областите на висока надморска височина во Перу.
Коренот со пријатен вкус обично ќе го најдете во форма на прав во маркетите за здрава храна и аптеките. Придобивките од коренот на мака вклучуваат хормонален баланс, зголемено ниво на енергија и јакнење на целокупното здравје на организмот.
И таа не само што е природен извор на нутриенти кои "лекуваат", туку има и долга историја како безбедна "супер-храна" која била козумирана поради своите лековити својства повеќе од илјадници и илјадници години наназад од локалните жители во регионот на планините Анди.
Придобивките од Мака вклучуваат и зголемена плодност и кај мажите и кај жените, хормонска рамнотежа, засилувач на имунолошкиот систем, зголемена енергија, поголема издржливост, зголемено либидо, подобрен сексуален перформанс (поради зголеменото либидо и енергија), подобра меморија и фокус.
Маката се смета за "адаптоген", име кое им е дадено на одредени билки, растенија и природни супстанци бидејќи му помагаат на организмот природно да се прилагоди на стресовите како што е преполн распоред обврски, исцрпна работа, некоја болест и сл.
Друг уникатен факт за коренот на Мака е тоа што таа историски се смета за многу потентен афродизијак и традиционална тајна на плодноста на популациите кои живеат во Андите.
Конзумирањето Мака прави луѓето да се чувствуваат "поживи и енергични" и им остава чувство на благосостојба за кое се смета дека се должи на нејзината способност да го одржува хормонскиот баланс и да ги подигне "чувствувајте-се-добро" ендорфините. Друга придобивка од Маката е нејзината релативно висока количина на хранливи материи меѓу кои и протеини, влакна, калциум, магнезиум и др.
Коренов прав од Мака се состои од приближно 18% протеини, 76,5% јаглехидрати, 5% масти и 8,5% влакна. Маката обезбедува моќен извор на нутриенти вклучувајќи:
Повеќе од 20 амино киселини и 8 есенцијални амино киселини
20 слободни масни киселини (како лаурик, линоленска, палмитинска киселина, олеична и стеринска киселина)
Витамини Б1, Б2, Ц и Е
Калциум
Магнезиум
Калиум
Бакар
Цинк
Манган
Фосфор
Селен
Сулфур
Натриум
Железо
Фитонутриенти
Според експертите, не постои посебна препорачана доза на Мака, но повеќето луѓе започнуваат да ја конзумираат првично со една полна кафена лажичка дневно (во форма на прав) и понатаму (после месеци секојдневно конзумирање) ја зголемуваат дозата до 2, максимум 3 лажички Мака на ден. Бидејќи Маката ја зголемува енергијата и издржливоста, многу луѓе ја консумираат пред вежбање.
Иако самата Мака не содржи вистински хормони, таа содржи својства кои помагаат во обновувањето на сексуалното, ендокриното (хормоналното) и менталното здравје.
Помага при хормонска рамнотежа и подобрување на симптомите на ПМС, менопауза и кај жените со полицистични јајници
Сето ова бидејќи го контролира нивото на естроген во телото. Нивоата на естроген, кои се или премногу високи или премногу ниски, можат да им отежнат на жените да овулираат и да забременат. Затоа балансирањето на количината на естроген кој го продуцира жената, а со тоа и на прогестерон е многу важна за зголемување на репродуктивното здравје, плодноста и намалување на симптомите како нередовни менструални циклуси, прекумерен раст на влакна и многу повеќе.
Менталното здравје
Студија од 2008-ма година на списанието "Menopause" покажа дека придобивките од Мака имале позитивни резултати за зголемување на расположението на жените во менопауза и намалување на нивото на анксиозност и депресија.
Истата студија исто така покажа дека Маката го зголемува и сексуалното либидо и кај жените и кај мажите, најверојатно поради нејзините позитивни ефекти врз нивоата на серотонин - хормонот на среќа.
Во една студија, направна со употреба на Мака кај животни, беше откриено дека кај женките кои земаат Мака повеќе фоликули од јајца биле во состојба успешно да созреат, што е значајно за овулација и репродуктивното здравје. Маката го обновува женскиот хормонален баланс преку поддршка на ендокриниот систем и помагање во регулација на здравото производство на тироидните хормони и на адреналната жлезда.
Адреналната (надбубрежната) жлезда и тироидната жлезда играат голема улога во регулирање на многу чувства - од нивоата на стрес до здравиот апетит. Враќањето на здравјето на овие жлезди е од суштинско значење за некој што сака да се чувствува најдобро.
Нивото на тестостерон и плодност кај мажите
Во клиничките студии, серумските нивоа на тестостерон не покажаа дека се променети од Мака. Црната Мака сепак, се покажа дека има позитивни ефекти врз производството на спермата повеќе отколку жолтата Мака или црвената.
Црвената Мака си има свои предности за здравјето на машките хормони. Се покажа дека ја намалува големината на простатата. Го подобрува производството на сперма, нејзината мобилност и обемот - сите важни фактори за зголемување на плодноста.
Маката успеа да ги докаже своите бенефиции поврзани и со подобрување на сексуалната дисфункција и сексуалното либидо кај возрасни мажи.
Енергија, меморија и расположение
Оние кои редовно консумираат Мака во прав, известуваат дека тоа прави да се чувствуваат побудни, полни со енергија и фокусирани, често прилично брзо откако започнале да ја користат. Позитивен атрибут на користењето на Мака за зголемена енергија во споредба со кофеинот е тоа што Маката нема да ви даде чувство на "раздразнетост" или чувство дека телото ви се тресе како високото ниво на кофеин.
Клиничките испитувања покажаа дека Маката има позитивни ефекти врз енергијата, издржливоста и расположението. Одржувањето на позитивните нивоа на енергија е поврзано со размерно пониски нивоа на анксиозност и депресија, за кои се покажало дека Маката помага да се постигнат.
Како Маката ја зголемува енергијата се уште не е прецизирано, но се верува дека го прави тоа помагајќи да се стабилизира нивото на шеќер во крвта (со што се намалуваат енергетските растови и падови) и да го одржува здравјето на надбубрежната жлезда која го регулира расположението и енергијата во текот на целиот ден.
Придобивките од Мака исто така вклучуваат и регулација на хипотамилот, и помага на хипофизата да функционира правилно што е уште еден клучен елемент во балансирањето на фокусот и енергијата.
Зголемувањето на фокусот, меморијата, енергијата и расположението им овозможува на луѓето да се концентрираат подобро и со тоа да ја подобрат способноста за подобро извршување на задачите.
Антиоксиданс
Коренот на Мака делува како природен антиоксиданс и ги зголемува нивоата на глутатион и СОД (супероксид дисмутаза). Два големи борци со болестите во телото. Резултатите од неодамнешните студии покажуваат дека коренот од Мака има способност да спречи развој на хронични човечки болести кои се карактеризираат со високи нивоа на "лош" холестерол, нарушена толеранција на гликоза и сл.
Таа го подобрува и имунолошкиот систем, отпорноста на болести и помага да се балансираат правилно нивоата на холестерол во телото. Значително ја подобрува толеранцијата на гликоза со намалување на нејзиното ниво во крвта. Ова е особено важно за оние кои треба да се грижат за здравјето на срцето или имаат дијабетис или пак метаболичен синдром.
Можете да ја консумирате наутро наместо кафе, или во прилог на кафето - помешана една лажичка Мака во чаша вода, млеко, јогурт, чај, смути или додадете ја во порцијата мусли - останува на вас, а ќе ја најдете во сите подобро снабдени аптеки и продавници за здрава храна. Ја има и во форма на капсули...