Реџаил Исмаили: ДУИ подготвена за локалните избори

Макфакс

22/07/2017

14:21

643

Големина на фонт

а а а

Пратеникот на ДУИ, Реџаил Исмали од собранискиот прес-центар рече дека Демократската унија за интеграција е подготвена за престојните локални избори и очекува Претседателот на Собранието Талат Џафери да ги распише на 6 август како што најави, за да се одржат на 15 октомви.

„ДУИ е подготвена за изборите, направени се сите неопходни подготовки во партијата за престојните избори кои ќе следат во првата половина на октомври. Даваме поддршка тие да бидат распишани на 6-ти август. Очекуваме дека кадрите на ДУИ и по локалните избори повотрно ќе раководат со тие Општини“, рече Исмаили.

Тој не откри детали за кандидадатите за Градоначалници, но рече дека дел од кадрите кои раководеле досега со Општините дале позитивни резултати и дека дел од нив ќе бидат повотрно кандидирани.Најави дека се очекува да има и нови предолжени кадри.



Спонзорирани линкови

Маркетинг