САД: Иран нема контрола врз Ормускиот теснец, ние ја потопивме нивната морнарица

Макфакс

28/09/2026

16:00

170

Големина на фонт

а а а

Централната команда на САД ги отфрли тврдењата дека Иран има контрола врз стратегискиот Ормуски теснец и нагласи дека американските сили ја потопиле иранската морнарица.

Централната команда на Соединетите Американски Држави (CENTCOM) денес ги отфрли тврдењата на висок ирански воен функционер дека Револуционерната гарда „целосно го контролира“ Ормускиот теснец.

CENTKOM изјави на платформата Икс дека тврдењата дека „Иран има целосна контрола врз Ормускиот теснец се неточни“.

„Иран нема морнарица, бидејќи ја потопија американските сили“, соопшти CENTKOM.

Повеќе од една милијарда барели нафта поминаа низ Ормускиот теснец во текот на изминатите неколку месеци, соопшти CENTKOM, додавајќи дека ова покажува дека Иран нема контрола врз овој стратешки морски премин.

САД и Иран се обидуваат да воспостават контрола врз Ормускиот теснец, низ кој минуваше приближно една петтина од светската нафта пред почетокот на војната, пренесува Танјуг.