Освен наследниците на Pixel и Pixel XL, Google наводно се подготвува за претставување на уште еден, трет модел со поглем екран кој најверојатно ќе има назив Pixel XXL.
Своите адути за пазарот на паметни телефони за оваа година ги подготвува и Google. Оваа компанија наскоро ќе ги претстави наследниците на Pixel паметните телефони - минатата година претстави два модели, а според некои гласини за 2017-та година Google се подготвува за претставување на три модели.
Станува збор за телефон кој би требало да има голем екран (дијагоналата на екранот не се споменува, но треба да се очекува истата да биде од 5,7 до 6 инчи). Исто така, овој телефон би требало да работи на последната верзија на моќниот процесор Snapdragon 835 кој се испорачува за Galaxy S8 и S8 Plus на Samsung и Xperia Premium XZ на Sony.
Исто така, се очекува овој телефон да има 4 GB RAM меморија и секако, последната верзија на оперативниот систем на Google - Андроид О.
На Forbes велат дека со оглед на големата дијагонала на екранот, Pixel XXL би можел да се користи и како таблет и преносен компјутер (со дополнителна тастатура), но најверојатно овој телефон ќе биде одговорот на Google на Galaxy S8 Plus кој има дијагонала од 6,2 инчи.
Сепак, за официјални информации околу новите телефони на Google треба да почекаме уште неколку месеци, а Pixel 2, Pixel XL 2 и Pixel XXL би требало да бидат претставени во октомври или ноември оваа година.