Стенд ап терапија со Бојан Велевски на 22-ри април во Дом на АРМ

Точка

19/04/2017

15:57

3.728

Големина на фонт

а а а

СТЕНД АП ТЕРАПИЈА е насловот на новиот One Man Show на актерот и комичар Бојан Велевски, кој реши петиот роденден како стенд ап комичар да го прослави “дома” заедно со скопјани на 22-ри април во Домот на АРМ.

Оваа сала не му е непозната, тој пред година и половина на два пати ја наполни на финалето од својата стенд ап турнеја низ Македонија под име “TOUR DE STAND UP”! Тогаш, тој го избра својот најдобар материјал од над 300 настапи, а овој пат ќе ја насмее скопската публика, премиерно изведувајќи го новиот материјал “JUST MARRIED” (“Штотуку оженет”). 


Сакаш да се жениш?! Се прашуваш, дали да се ожениш и зашто - НЕ!? Корисни совети за само 200ден, од тазе печен младожења на 22ри АПРИЛ во ДОМ на АРМ! Биди муж и донеси ја на stand up! – Вели Бојан.

Карти за овој настан кој не смеете да го пропуштите, можете да набавите на Купи Карти За Се, или преку продажната мрежа на купи карти за се – низ цела Македонија.

Еве дел од атмосферата низ фотографии и видео од претходните два настани на Бојан во Домот на АРМ: