Мрачната тајна на вештачката интелигенција: Како автомобилот научи од човекот да вози сам?!

Точка

19/04/2017

10:26

2.327

Големина на фонт

а а а

Во списанието на престижниот американски Технолошки институт Масачусетс - "MIT Technology Review", објавен е текст со наслов "Мрачната тајна во срцето на вештачката интелигенција", во кој се наведува дека "никој не знае како најнапредните алгоритми го прават тоа што го прават".

"Тоа би можело да биде проблем", стои во текстот. 


Се наведува дека "минатата година чуден автомобил кој управува сам со себе бил пуштен на мирни патишта во округот Монмаут во Њу Џерси". 

"Експерименталното возило, кое го развиле произведувачите на чипови од "Nvidia", на изглед не се разликувало од другите автономни автомобили, и не било налик на тоа што го прикажувале "Google", "Tesla" и "General Motors", а покажувало и растечка моќ на вештачката интелигенција", пишува во текстот на MIT Technology Review


Се наведува дека "автомобилот не следел ниедна инструкција од инженерот или програмерот". 

"Наместо тоа, во целост се потпирал на алгоритамот со чија помош научил да вози гледајќи го човекот како го прави тоа. Да се направи автомобилот да вози на овој начин е импресивно достигнување. Но истовремено, тоа малку внесува и немир, бидејќи не е во целост јасно како автомобилот носи одлуки", стои во текстот. 


Се наведува дека "информациите од сензорот на возилото одат директно во огромната мрежа на вештачки неврони кои обработуваат податоци и тогаш задаваат команди неопходни да се управува со воланот, сопирачките и другите системи". 

"Резултатот е во склад со реакциите кои би се очекувале од човек. Но, што ако еден ден направи нешто неочекувано - удри во дрво, сопре кога ќе се вклучи зелено светло на семафор? Како стојат работите сега, ќе биде тешко да се открие зошто автомобилот изреагирал така. Системот е толку сложен што дури и на инженерите кои го осмислиле ќе им биде тешко да ја откријат причината поради која се изведени поединечни акции", стои во текстот на списанието. 


MIT Technology Review наведува дека слична мистерија предизвикува и програмот "Deep Patient", кој се применува во болницата Маунт Синај во Њујорк, и многу прецизно ја проценува болеста на пациентите, без влијание на лекар. 




Спонзорирани линкови

Маркетинг