Порно актерката за пеколот кој го преживеала: Парите не се вредни за болката која ми ја нанесоа!

Точка

30/03/2017

12:03

7.674

Големина на фонт

а а а

Порно актерката Бри Олсон, во една емисија отворено зборувала за својот сегашен живот, но и за тоа со што се сретнала поради работата со која се занимавала.

На 19 години одлучила да биде порно актерка, а причина за тоа била желбата за сексуално експериментирање. Додека студирала медицина, работела во телемаркетинг. Кога решила да се обиде во таа работа, отишла во Лос Анџелес и за само еден ден заработила неверојатна сума на пари. Тогаш решила да го напушти факултетот и да почне да заработува. Така работела во Лос Анџелес, а живеела обичен живот во Индијана. 

"Не видов ништо лошо во тоа што сум отворена кога е сексуалноста во прашање. Имав поддршка од семејството и пријателите", рекла Бри.

Сепак, на 25 години решила да престане да се занимава со овој "занает" и тогаш сфатила колку општеството ја осудува поради минатото, па додава дека некогаш со денови не излегува од дома поради неможноста да се соочи со светот.

"Се чувствував како на челото да ми пишува "ку*ва". Луѓето ме гледаа како сексуален престапник, како да вредам помалку", рекла актерката. Сепак, жали што излегла од оваа работа и што луѓето никогаш не ја засакале.

"Требаше да издржам уште пет години за да си ја обезбедам иднината. Можев да заштедам доволно за да живеам комфорно до крајот на животот. Луѓето ме мразат, но да ме познаваат, ќе знаат дека сум прекрасна личност".

На младите девојки им порачала да бидат внимателни.

"Животот сам по себе е тежок, немојте самите да ги правите тоа. Парите не се вредни за болката која ќе ви ја нанесе општеството", заклучила Бри.