LG G6 носи сè што денешните корисници бараат од паметните телефони - водоотпорен уред со голем екран, моќна батерија, добар хардвер и две задни камери.
Новиот G6 пристигнува со голем екран од 5,7 инчи (резолуција од 2880х1440 пиксели) и две задни камери. Оваа компанија минатата година со G5 експериментираше со „модуларниот“ телефон, но се покажа дека корисниците не сакаат такви експерименти, па на Wired велат дека новиот LG G6 го носи токму тоа што го бараат сите.
Една од најважните работи е тоа што телефонот има голем екран сместен во што помало куќиште благодарение на малата рамка околу екранот. Димензиите на овој телефон не се толку големи и може да се користи и со една рака.
Исто така, новиот LG G6 е водоотпорен, има голема батерија, можност за бежично полнење и метално куќиште со висок квалитет, а тоа се опции кои што стануваат стандард кај топ моделите на паметни телефони.

Гласините во врска со процесорот се покажаа како точни - LG G6 доаѓа со Snapdragon 821 затоа што од LG се откажале од најновиот модел на Snapdragon (835) кој што бил резервиран од Самсунг за „осмицата“.
Љубителите на мобилните фотографии ќе бидат сосема задоволни од двете задни камери со резолуција од 13 мегапиксели, една со широк, а другата со потесен агол на фотографирање, слично како кај iPhone 7 Plus, додека пак предната камера доаѓа со резолуција од 5 мегапиксели.
Од останатите спецификации ја издвојуваме 4 GB RAM меморијата и интерната меморија од 64 GB која што може да се прошири со microSD мемориска картичка, потоа сензор за отпечатоци на прсти, USB Type-C и последната верзија на Андроид - Nougat 7.0.