Внимавајте: Клонови на Galaxy S8 веќе се достапни на пазарот

Точка

24/02/2017

15:00

6.745

Големина на фонт

а а а

Додека сите со нетрпение го очекуват претставувањето на најновиот паметен телефон од Galaxy S семејството на Самсунг, некој се потрудил да произведе негова копија.

Секако, станува збор за кинески паметен телефон кој што е копија на најмоќниот телефон на Самсунг кој што наскоро треба да биде претставен.

Иако ваквите паметни телефони пристигнуваат по далеку пониска цена, сепак има неупатени корисници кои што не ја следат технологијата толку, па цената ќе ги излаже и на крајот ќе купат кинеска копија на посакуваниот производ.


Во Кина веќе може да се набави новиот Samsung Galaxy S8, еден од најисчекуваните модели кој што треба да се појави на пазарот за неколку месеци. Цената на овој телефон изнесува само 100 долари, па затоа „наивните“ корисници посебно треба да внимаваат, затоа што станува збор за „добра“ копија.

Кога ќе го погледнете видеото, ќе сфатите дека кутијата од производот изгледа прилично веродостојно, а тоа што ќе го добиете кога ќе ја отворите кутијата е, најблаго кажано - смешно.