Три кул комбинации на Викторија Бекам

Fashionel.mk

10/02/2017

12:57

4.704

Големина на фонт

а а а

Викторија Бекам ја знаеме како дизајнерка и дама која секогаш сака да ги промовира едноставноста и спортската лежерност по што и впрочем се познати нејзините колекции.

Нејзиното постојано вложување во брендот и одличните идеи за парчиња кои се олицетворение на минимализмот е нешто што сите светски дизајнери и модни уредници го почитуваат.

Комбинациите што таа ги прави за себе најчесто се составени од парчиња од нејзините колекции, па така беше случај и со нејзините последни појавувања во Њујорк каде викендов ќе ја прикаже нејзината нова колекција.


Највпечатлива дефинитивно беше во црвената плетена комбинација што таа ја комбинираше со сина кошула одоздола, а подеднакво стилска беше и со сивите широки панталони и темно црвеното џемперче во комбинација со белите потпетици и чанта од нејзините претходни колекции.


Таа последно се појави во средата во црна шик спортска комбинација составена од широки панталони, бела лежерна кошула, долго црно палто и бели Адидас патики.


Во недела, во рамки на модната недела во Њујорк Викторија Бекам ќе ја претстави својата нова колекции полна шик парчиња, а дотогаш инспирирајте се од нејзините супер комбинации од Големото јаболко.