Нема крај за проблемите на Самсунг. Дел од веќе заменетите телефони имаат проблеми со брзото полнење на батеријата и со нивното брзо празнење, па се чини дека јужнокорејската компанија ќе мора и нив да ги замени.
Неодамнешниот извештај на новинарите на Bloomberg откри зошто Самсунг се соочува со огромни проблеми кога е во прашање батеријата на новиот Galaxy Note 7 – менаџерите на оваа компанија сакале да побрзаат со развојот и претставувањето на новиот телефон, за истиот да биде претставен пред новиот iPhone 7.
Кратките рокови за производство на компонентите на Galaxy Note 7, прекумерната работа и непреспиените ноќи на инжинерите на Самсунг резултираа со огромна катастрофа која што го наруши угледот на компанијата и се проценува дека резултираше со загуба од огромни 2 милијарди долари.

Досегашните купувачи на Galaxy Note 7 имаа можност да го заменат својот телефон со исправен модел или да побараат враќање на нивните пари. Сепак, од јужнокорејската команија велат дека најголемиот дел од купувачите сепак се одлучиле да добијат нов Galaxy Note 7 со исправна батерија.
Но, според информациите кои што се појавија на The Next Web, некои корисници во Јужна Кореја имале проблеми и со батеријата на новиот телефон кој веќе им бил заменет од јужнокорејската компанија – овој пат не станува збор за експлозија или палење на телефонот, туку батеријата едноставно за кратко време ја губи силата и при полнење се прегрева.

Еден корисник открил дека го оставил својот Galaxy Note 7 да се полни цела ноќ, но кога се разбудил утрината видел дека батеријата е полна само 10 проценти. Неговиот телефон го тестирале и новинарите на јужнокорејската телевизија YTN по што можеле да видат дека процентот на батеријата за 39 минути паднал дури за 26 проценти, а полната батерија можела да издржи скромни два часа.
За среќа, ваквите проблеми досега ги пријавиле само мал број на корисници и се чини дека станува збор само за уредите кои што се испорачани во Јужна Кореја, а истите повторно можат да се заменат, соопштиле од Самсунг.
Засега не е познато колку точно корисници го пријавиле овој проблем, а во меѓувреме се огласија и од Самсунг од каде што тврдат дека овој пат нема проблеми со батеријата, туку едноставно тука станува збор за „изолирани случаи поврзани со масовното производство“.