Конечно знаеме зошто згодните девојки се забавуваат со не толку згодни мажи

Точка

13/09/2016

17:51

7.895

Големина на фонт

а а а

Убавината боли. Во прилог на ова тврдење оди и најновото истражување на психологот Џошуа Олтманс од Кентаки универзитетот кое дошло до прилично изненадувачки заклучок во врска со тоа како се однесуваме кон партнерите.

Џошуа и колегите од други универзитети откриле нешто интересно – ако мислиме дека партнерот е поубав и поатрактивен од нас, постојат двојно поголеми шанси да пројавуваме одредени однесувања за да се погрижиме тој никогаш да не нè напушти.

Ова има смисла, знаеме што имаме и не сакаме да го изгубиме тоа. Секако дека ќе направиме сè во рамките на можностите за да се погрижиме партнерот да знае дека го цениме.

А, сега лошите вести – барем за некои.


Во случај да мислиме дека партнерот е помалку привлечен од нас значително поретко се трудиме да го усреќиме и да го направиме задоволен во врската.

Па така, науката тврди дека сме прилично лоши личности ако се забавуваме со личност за која мислиме дека е помалку привлечна од нас.

Ова сознание воедно може да објасни и зошто супер згодните девојки се забавуваат со „просечни“ типови – секогаш е подобро ти да бидеш тој кој е во доминантна позиција, плус, дополнителното внимание и разгалување никому не му штети.