Русинка ја предупредува светската јавност: Додека вие ловите Покемони, ЦИА изработува детални мапи!

Точка

29/07/2016

14:11

42.360

Големина на фонт

а а а

Валентина Амелина, жител на Ростов на Дон, категорично е против играта "Pokemon GO" во Русија, затоа што, како што вели, сето тоа е добро смислена алатка на американските разузнавачки служби.

Амелина испратила писмо до Федералната служба за безбедност на Русија во кое што детално објаснува зошто оваа игра е стратешки опасна и мора да биде забранета во Руската Федерација.

Авторите на играта се поврзани со "Google" кој пак е финансиран од службениот фонд на ЦИА, пишува Валентина Амелина, пренесува рускиот весник „Космомолскаја правда“.


„Тие на овој начин упеаа да решат разни картографски задачи, се обновуваат сите податоци за патиштата, базите и многу други работи. А некогаш мапите беа стратешки важни и дури беа државна тајна. Во цивилните мапи некогаш дури намерно беа пишувани неправилни податоци. Автомобили-роботи ги има насекаде низ улиците, ги зацртаа сите наши градови, возила и сега остана уште еден проблем - како да се „ѕирне“ во нашите домови, подруми, касарни, државни инсистуции. И ете, се создаде генијалната заразна игра Pokemon GO“.

Амелина пишува дека при бркањето на Покемони и обидите да ги фатиме, ние всушност им ги предаваме фотографиите од просториите во кои што се наоѓаме на ЦИА, па дури и географските координати.


„Ви честитам. Штотуку го снимивте целиот ваш стан. Со други зборови, тие нè следеа и сега продолжуваат да нè следат“.

А покрај доброволното картографирање на сè и сешто, се отвораат и уште многу други можности, пишува Русинката.

„Ако „самите знаете кој“ посака во овој момент да дознае што се случува во Државната дума, ќе започнат да вибрираат телефоните на пратениците, хигиеничарите, новинарите: Пикачу е во близина, ќе ви каже вашиот телефон. И пресреќните играчи ќе побрзаат да ги вклучат своите телефони, камерите и микрофоните“.


Спонзорирани линкови

Маркетинг