Сашка Фредерик (41) е жена која е во среќен брак, но троши илјадници долари за два пати месечно да се гали и милува со целосен странец.
Оваа Американка сето ова го прави нешто повеќе од една година, бидејќи како што вели, својот сопруг го гледа само неколку дена месечно.

Сашка го поминува поголемиот дел од своето време во Њујорк, додека нејзиниот сопруг Артур (45) работи во едно градче во САД како полицаец.
Таа смета дека тешко ѝ паѓа тоа што нема физички контакт со човечко суштество додека нејзиниот сопруг не е тука, а исто така, нејзината посилна половина во целост го поддржува сето она што таа го прави два пати во месецот.

„Мојот сопруг е поручник во полиција, па така на работа е 24 часа, седум дена во неделата. Не живееме заедно бидејќи јас сум во Њујорк, додека тој е надвор од градот. Сигурна сум 99 отсто дека тој не е љубоморен поради ова, а и зборував со него многу пати за ова.

Можеби би можеле некогаш да одиме заедно да се милуваме со други луѓе, ќе видиме. Ова не е некоја работа за која тој отворено зборува со своите колеги, што е во ред. Но, секако тој има отворен ум. Тој е повеќе заштитнички настроен, отколку што е љубоморен, а и сигурна сум дека е среќен кога сум јас среќна. Навистина се радувам кога го правам тоа, тоа ме возбудува“, раскажала Сашка за Daily Mail.

Професионалната фирма која се занимава со милувања во Њујорк вработува 40 луѓе неделно, а сите тие имаат околу 200 барања неделно. Милувањето еден час чини околу 80 долари.

„Една серија милување трае околу два часа и чини 160 долари. Имаме разни клиенти – мажи, жени, постари луѓе, помлади...“, рекол Адам Липин (52), еден од оние кои заработуваат милувајќи се со други луѓе.