Екранот на овој паметен телефон ќе биде нешто невидено до сега

Точка

21/04/2016

13:10

6.107

Големина на фонт

а а а

Пред неколку месеци од Sony соопштија дека ја укинуваат популарната Z серија за а нејзино место да пристигне новата Xperia X серија на паметни телефони.

Пред неколку месеци на саемот MWC во Барселона, Sony ги претстави новите Xperia X, Xperia XA и Xperia X Performance телефоните. Но, се чини дека оваа компанија наскоро ќе претстави уште еден член од ова семејство кој ќе доаѓа со називот Xperia X Premium.

Овој модел најверојатно ќе биде наследик на Xperia X5 телефонот кој беше првиот паметен телефон на светот кој имаше екран со 4К резолуција. Веројатно погодувате – и Xperia X Premium би требало да биде пласиран со напреден екран кој ќе биде нешто што не е видено досега во светот на екраните на паметните телефони.


Станува збор за HDR екран каков што досега не е вграден во ниту еден паметен телефон. Оваа технологија на екрани е најнова и засега е достапна на екраните на само неколку врвни телевизори. HDR екранот може да прикаже неверојатни 1,07 милијарди бои, за разлика од моменталните екрани кои што можат да прикажат 16,8 милиони бои.

Телефонот ќе има и освежување на сликата од 120Hz како и контраст од 2000:1. Екранот исто така ќе биде најсветлиот екран кој што е некогаш вграден на некој паметен телефон (1,300 nits) што е повеќе од двојно во однос на екранот кој што е вграден во најновиот Samsung Galaxy S7 (539 nits), пренесува GSM Arena.


Xperia X Premium ќе користи Snapdragon 820 чипсет во комбинација со 3 GB RAM меморија. Исто така, најновиот паметен телефон на Sony ќе доаѓа со USB Type-C конектор, а засега не е познато кога овој телефон и официјално ќе биде претставен.