AMPWare: Со овој додаток батеријата на вашиот телефон никогаш нема да се испразни

Точка

21/01/2016

14:30

3.094

Големина на фонт

а а а

Покрај екстерните полначи кои доаѓаат со разни капацитети, во последно време се заштитните маски со вградени батерии кои го продолжуваат векот на траење на батеријата на паметниот телефон.

Сега е достапна маска која ја спојува модерната со „старата“ технологија и според нејзините креатори, нема да се грижите повеќе дали батеријата на вашиот телефон ќе се испразни.

AMPWare маската моментално е достапна само за сопственицие на iPhone 6S. Оваа маска е посебна по тоа што има механизам за полнење на батеријата. Имено, во рамките на маската се наоѓа „рачка“ која што се извлекува и се врти. Колку повеќе вртите, толку повеќе ќе произведете „енергија“ за вашиот телефон.


Еден од изумителите на оваа маска, Марк Габриел тврди дека доколку 5 минути ја вртите рачката, ќе произведете доволно енергија за да го користите вашиот телефон еден час повеќе, односно 5 часа доколку е во stand by мод.

Освен што произведува енергија за вашиот телефон, AMPWare маската исто така го штити телефонот од гребнатинки. Цената на оваа маска изнесува 79 долари, а достапна е во црна, темно зелена и светло зелена боја.