Во деведесеттите години, тие жареа и палеа на модните писти. Многу од нив и денес се толку влијателни во светот а модата, што е тешко да се очекува дека некој ќе може да ги замени легендарните супермодели.
КЕЈТ МОС

Кејт Мос е целосна спротивност на моделите од оваа листа, но не е спорно дека таа одбележа една ера. Со манекенство почнала да се занимава кога имала 14 години, во 1988 година, а ја открила Сара Дјукас, ловец на таленти од агенцијата Storm Model Management, на аеродром во Њујорк. Нејзината слава порасна во почетокот на деведесеттите години кога стана иницијатор на хероин шик модниот тренд. Таа е позната по своето слабо тело без облини. Во текот на својата кариера работеше за многу светски познати модни куќи и дизајнери.
СИНДИ КРАФОРД

Можеби најуспешната на оваа листа, но и кога станува збор генерално за моделите во деведесеттите години. Оттогаш до денес нејзиното име е симбол за мода и модни писти. Синди, како и нејзината колешка Ели Мекфирсон, ги напуштила студиите на хемиски инженеринг за да се занимава со мода. Резултат: Синди стана едно од најпрепознатливите лица во деведесеттите години.
КЛАУДИЈА ШИФЕР

Германката Клаудија Шифер беше една од ретките русокоси меѓу супермоделите во деведесеттите. Исто така, оваа убавица беше и инспирација за легендарниот Карл Лагерфилд. Нејзината, по малку егзотична убавина, и` донела соработка со модни куќи како што се Ив Сен Лорен и Версаче, а работеше и за ревии на високата мода за брендови како Долче & Габана и Салваторе Ферагамо.
НАОМИ КЕМПБЕЛ

Црната газела. Не е потребно да се каже ништо повеќе. Можеби најпознатата манекенка на светот – за нејзините успеси речиси и нема потреба да се зборува, затоа што не постои модна куќа со која не соработувала. Нејзината кариера трае од доцните осумдесетти до денес.
ЕЛИ МЕКФИРСОН

Во деведесеттите години, Ели Мекфирсон го доби прекарот „The Body”, односно „Телото“. Кога ќе ги погледнете нејзините фотографии од тој период, ќе ви стане целосно јасно зошто е тоа така. Ели денес има 51 година и понатаму изгледа подеднакво добро. Кариерата ја започнала во родниот Сиднеј, а во текот на првата година на факултет одлучила да направи пауза во студирањето, да се пресели во Америка и да се посвети на моделингот. Се испоставило дека тоа било одлична одлука. Денес се смета дека Ели е еден од најважните супермодели од таа генерација.
ХЕЛЕНА КРИСТЕНСЕН

Хелена Кристенсен ја започнала кариерата на модел после победата на изборот за Мис на Данска во 1986 година, откако ја претставила својата земја на изборот за Мис Универзум. Во деведесеттите години соработувала со модни куќи како што се Версаче, Шанел и Прада. Хелена се` уште се занимава со мода и покрај своите години уште е многу успешна.
ЕВА ХЕРЦИГОВА

Кој може да ја заборави нејзината реклама за пуш-ап градници во деведесеттите години? Кампањата за "Wonderbra" е една од најпознатите, не само кога станува збор за нејзината кариера, туку и во модната индустрија како целина. Благодарение на неа, преубавата манекенка од некогашната Чехословачка ги красеше билбордите ширум светот и се стекна со планетарна слава.
ТАЈРА БЕНКС

Тајра, покрај Наоми Кемпбел, е еден од најпознатите темнокожи модели во светот. Кариерата ја започнала во 1991 година и многу брзо откако се појавила, станала едно од најбараните лица. Има соработувано со безброј познати модни куќи и ден денес има успешна модна кариера.