Најемотивен момент во поновата историја на Ф1: Минута молчење за Бјанки

Дерби

27/07/2015

17:56

4.136

Големина на фонт

а а а

Сите возачи и дел од семејството на Бјанки прегрнати формираа круг со кацигите ставени во средина.

Формула 1 остана без Жул Бјанки, а денеска пред почетокот на трката во Унгарија, сите учесници во трката и публиката во Будимпешта му оддадоа почит на Французинот со минута молчење.

Сите возачи и дел од семејството на Бјанки прегрнати формираа круг со кацигите ставени во средина, а оваа сцена експресно го обиколи светот и со право овој момент е прогласен за еден од најемотивните во современата историја на Формула 1.