Бекамови се зрели за пензија: Ова е новиот моќен британски пар

Точка

08/07/2015

12:08

7.880

Големина на фонт

а а а

Младиот брачен пар Мареј, полека но сигурно го добива статусот на најмоќен во Велика Британија, а како стојат работите сега, изгледа дека Енди и Ким Мареј ќе ги симнат од тронот славните Бекс и Пош.

Иако меѓу Викторија и Ким речиси и да нема допирни точки, со тоа што првата е поранешна поп пејачка и успешна дизајнерка, втората е сликарка која преферира мирен живот - сепак двете се омажени за спортисти.


Покрај тоа, тоа што ги краси карактерите на двете жени е фактот дека и едната и другата се многу способни претприемнички.

Британските маркетиншки експерти пресметале дека од почетокот на заедничкиот живот, благодарение на Ким, богатството на британскиот тенисер пораснало за 30 милиони фунти.


Исто како Енди Мареј, и Дејвид Бекам бил успешен спортист пред да ја сретне Викторија, но дури откако се венчале, Пош и Бекс станале најмоќен и најбогат пар во Велика Британија.

Од тогаш нивното име само им носело богатство, бидејќи без разлика дали рекламирале фармерки, парфеми, долна облека или алкохолен пијалак, секој производ со потписот на Бекам се продавал во огромни количини.


Така, на пример, поранешниот фудбалер заработил 50 милиони фунти во текот на минатата година од различни договори, без оглед на фактот дека пред две години официјално ставил крај на својата фудбалска кариера.

Тоа што Дејвид Бекам ужива имиџ на семеен човек со сопругата Викторија и четирите деца - дополнително го зацврстува имиџот на брендот Бекамови.


Сега изгледа дека слично влијание на имиџот на својот сопруг врши и Ким Мареј, барем така на тоа гледаат британските маркетиншки експерти.

"Ким сигурно го зголемила богатството на Енди Мареј за 30 проценти. Енди самиот по себе и не е толку интересен, но кога ќе ја додадете Ким веќе добивате познат и атрактивен пар и имате повеќе можности. Таа донесе нова димензија во неговиот лик и му овозможи подобра продажба на пазарот. Очигледно е дека тие користат идентичен маркетиншки модел како и Бекамови", заклучил Најџел Кари, маркетиншки консултант.