По "CERN", и моќниот американски суперакцелератор почнал да ја бара "божјата честица". Станува збор за трка за контрола над огромна енергија, меѓутоа неколку професори предупредуваат дека експериментите би можеле да бидат катаклизмични.
Научните експерти изразиле загриженост дека амбициозниот експеримент со помош на "Супер-оин колајдерот", во вториот најголем светски акцелератор на честици, би можел случајно да ја уништи планетата Земја!
Експериментот ќе биде направен во националната лабораторија "Brookhaven". Судејќи по сè, станува збор за трка за контрола над огромна енергија, која според некои експерти, би можела да резултира со уништување на планетата. Истите стравувања се однесуваат и на експериментите во "CERN", кои наскоро ќе започнат.

Еден од најмоќните светски акцелератори на честици - "RHIC", се наоѓа во близина на Њујорк. Способен е да произведе честици потопли од четири трилиони степени Целзиусови, но сега дошол "под лупа", откако експертите предупредиле дека би можел да генерира микро црни дупки и неидентификувани материи!
Јадрата на честиците се забрзуваат до брзина на светлината, пред да се уништат и заедно да се обидат да создадат кварц-глуон плазма, неверојатно топла супстанца, што се претпоставува дека се случило непосредно пред Биг Бенг! Кога целиот ланец на вакви честици е во погон, операторите ќе работат во контролната соба во смени од 24 часа дневно.

Меѓутоа, научниците изразиле загриженост дека амбициозниот експеримент во Националната лабораторија "Brookhaven" или "RHIC", би можел случајно да ја уништи планетата, пренесува Daily mail. Додека експериментот би можел да одговори на прашањето за тоа како започнал животот на Земјата, критичарите предупредиле дека би можеле да се создадат суб-атомските честици наречени "strangelets". Овие честици имаат потенцијал да започнат верижна реакција и да создадат "чудна материја", за која научникот Мартин Рис рекол дека би можела да ја трансформира планетата Земја во "инертна хипер сфера широка неколку стотици метри"!
Имено, "RHIC" - вториот најмоќен акцелератор на честици по "CERN", наскоро ќе добие огромна доградба, со што ќе ја зголеми својата моќ, по што експериментите би можеле да заминат во сосема непозната насока. Со доградбата, "RHIC" ќе биде во состојба да генерира колизија 20 пати посилна од таа кога првобитно бил изграден. Експертите велат дека на еден таков објект ќе мора да се изврши темелна проценка на ризиците.

Ерик Џонсон, вонреден професор на Универзитетот во Северна Дакота и Мајкл Барам, почесен професор на Универзитетот во Бостон, напишале дека мора да се изврши нова проценка на потенцијалите на објектот, за да не дојде до катастрофа која би го означила крајот на светот.
Материите "strangelets", хипотетички, во специфични услови, би можеле да предизвикаат верижна реакција и да ја уништат планетата. Професорите Барам и Џонсон се посебно загрижени дека ниското ниво на експерименти би можеле да го зголемат ризикот од создавање на "strangelets". Со тоа би се создале мини црни дупки, за што е потребно многу помала енергија од тоа што се мислело.
Потсетуваме, експертите биле загрижени и кога "CERN" ја започнал потрагата по "божјата честица".