Астрономите открија необична галаксија која останала практично непроменета седум милијарди години. Научниците ја опишуваат оваа галаксија, наречена „KiDS J0842+0059“, како „космички фосил“, пренесуваат странските медиуми.
Исто како што фосилите од диносауруси на Земјата ни помагаат да ја разбереме еволуцијата, овој галактички фосил нуди единствена можност за проучување на раниот универзум.
Овие ретки галаксии кои претрпеле судири и спојувања претставуваат еден вид прозорец кон самите почетоци на космосот.
Научниците ја идентификуваа оваа галаксија за првпат во 2018 година како дел од проектот KiDS (скратено од Kilo Degree Survey). Сепак, најновите анализи беа извршени со помош на голем бинокуларен телескоп, кој овозможи собирање податоци со висока резолуција.
Резултатите покажаа дека „KiDS J0842+0059“ ја зачувал својата големина, облик и структурни својства речиси седум милијарди години, без значителни промени.
Italian astronomers discover dense ‘fossil galaxy’ roughly 3 billion light-years from Earth https://t.co/qDnJVoe7GN pic.twitter.com/cWrxDM60ed
— New York Post (@nypost) July 9, 2025
Галаксијата „KiDS J0842+0059“ се наоѓа на растојание од околу три милијарди светлосни години од Земјата. Набљудувањата покажуваат дека оваа галаксија има ѕвездена маса околу 100 милијарди пати поголема од масата на Сонцето.
Сепак, она што е особено интересно е фактот дека, и покрај огромната маса, галаксијата има многу компактна структура и долго време не создала нови ѕвезди. Ова укажува дека може да биде галактички фосил – галаксија формирана во раниот универзум чиј развој запрел многу рано.
Благодарение на адаптивната оптика на телескопот, структурата на оваа галаксија сега е снимена 10 пати појасно отколку порано.
Слична галаксија од типот фосил е „NGC 1277“, која се наоѓа на растојание од 240 милиони светлосни години во рамките на јатото галаксии Персеј. Сепак, „KiDS J0842+0059“ е позначаен бидејќи е и подалечен и постар од „NGC 1277“.
Ова откритие покажува дека некои галаксии се формирале многу рано и успеале да ги избегнат сите судири и спојувања, дозволувајќи им да останат недопрени милијарди години.
Научниците истакнуваат дека ваквите галаксии играат клучна улога во разбирањето како е формирано јадрото на денешните големи галаксии.
Во иднина, се очекува напредните технологии, како што е вселенскиот телескоп „Еуклид“ на Европската вселенска агенција, да овозможат откривање на уште повеќе галактички фосили.