Еве што всушност крие еден дек од карти!

Точка

16/03/2015

14:56

5.829

Големина на фонт

а а а

Сите знаеме дека постојат различни начини да се забавуваме со дек од карти, но малку кој знае дека тие всушност нешто кријат!

Декот се состои од 52 карти, што претставува 52 седмици во годината. Двете различни бои, црвената и црната, претставуваат ден и ноќ. Постојат 4 различни знаци во секој дек, а тие ги претставуваат четирите годишни времиња.

12-те карти со слика, претставуваат 12 месеци во годината. Збирот на сите карти во декот, пресметувајќи го Ас-от како еден, а жандармот, дамата и кралот како 11, 12 и 13, се добива бројот 364, а кога ќе се додаде џокерот, се добива бројот 365, колку што има денови во годината.

Секој крал во картите претставува еден владетел: Карло Велики е "срце", Давид е "пик", Цезар е "баклава" и Александар Велики е "детелина". Кралот "срце" е единствениот крал во декот кој нема брада.


Секогаш кога ќе ги промешаме картите, речиси е сигурно дека никој во историјата не направил ист редослед на картите, ниту некогаш ќе направи! Доколку ова ви звучи неверојатно, еве ќе објасниме. Сите знаеме дека во декот има 52 карти. За да ги пресметаме шансите дека два пати по ред ќе се погоди истиот распоред на картите по мешањето, мора да помножиме, 52 x 51 x 50 x 49...x 3 x 2 x 1... и кога сето тоа ќе се помножи, на крајот се добива бројот 80658175170943878571660636856403766975289505440883277824000000000000.

Во превод, тоа значи дека шансите два пати по ред да ги измешате картите во ист редослед е 1 кон добиениот број.