Со закројување на лозјата, винарската визба "Шато Сопот" го прослави Св.Трифун, но и ја продолжи традицијата од неколку години, одбележувајќи го овој празник на убав начин.
Чинот на закројување во чест на Св. Трифун, заштитникот на лозарите и винарите беше важен за што подобра и поуспешна година, во присуство на сопствениците, вработените во винарницата, нејзини партнери – лозари, гости и екипата на Точка.
- Првата берба од која направивме вино беше 2007-та година. Оваа винарија е со капацитет од 50.000 литри вино на годишно ниво, кое се произведува од сопствени лозови насади, на површина од 100 хектари. Имаме и црвени и бели вина. Од црвените вина ги произведуваме Cabernet Sauvignon, Pinot Noir, Merlot, Vranec, а од белите вина ги произведуваме Temjanika, Rizling, Chardonnay, Pinot Grigio. На пазарот понудивме повеќе видови на вино, кои се во ограничени количини. Закројувањето на лозјата е многу повеќе од традиција. Тоа ја покажува посветеноста и желбата на лозарите и винарите да произведат квалитетно грозје и врвни вина. - изјави Викица Поповски, еден од сопствениците на винаријата “Шато Сопот”.

Околу 9 години Винаријата “Шато Сопот“ интензивно работи на стратегијата која го фаворизира квалитетот наспроти квантитетот во производството на вино. Овие средства се вложени во сите клучни сегменти кои овозможуваат производство и пласман на висококвалитетно вино во шишиња, вклучувајќи го и производството на грозје преку примена на најсовремени агро-технички мерки со кои се обезбедува висок квалитет на грозјето.
- Чинот на правење добро вино започнува уште од закројувањето на лозјето. Од св.Трифун се почнува со правење на виното. Она по што се разликува нашата Винарија е одличната локација, која е одлична со нашите насади од кои ги произведуваме сортните вина. Покрај доброто грозје, мора да се биде технолошки одлично опремен, со модерна технологија, а сепак со традиционален начин на созревање на виното во дрвени буриња. Тие услови кај нас се исполнети. - изјави Лазар Ристов, еден од сопствениците на винаријата.

Како дел од винаријата, ќе се отвори и ресторан, се со цел да го спои виното и вкусната македонска храна. Се работи и на изградба на хотел, со капацитет од 50 гости, кои ќе можат комплетно да уживаат во сето она што им го нуди оваа винарија.
На само неколку километри од Скопје, во близина на Велес, винаријата Шато Сопот е мала, но уникатна винарија, во која се произведуваат високо квалитетни сортни вина, кои освен во Македонија се познати и пошироко, а се работи и на стратегија за нивен пласман и на светскиот пазар.
Дел од гостите беа директно инволвирани во винскиот бизнис, а една од нив беше и Ивана Симјановска, вински критичар, која ни откри дека за убаво вино потребно е добро лозје, многу љубов, трпение и голема посветеност.
- Подеднакво тешко е да направиш и црвено и бело вино. Чекорите кои Ви ги споменав се важни и пресудни за добро бело и црвено вино. Јас правам разлика помеѓу добро и лошо вино. Верувајте, во виното е вистината.