Внимателно погледнете: Ова е една од првите фотографии на Јосип Броз Тито! Дали го препознавте?

Точка

09/02/2015

09:50

4.516

Големина на фонт

а а а

Фотографијата ја направил Чех по име Јинчик, со прекар Ненчик. Фотографијата ја направил за време на попладневната пауза, кога во дворот се собирале работниците.

Во Титовата биографија стои запишано дека во 1911-тата година се вработил во фабриката "Титан" во Камник. По сè судејќи, во овој словенечки град, била направена најстарата фотографија од Јосип Броз Тито. На задната страна од оригиналот пишува 4-ти мај 1911-та година. Фотографијата, како реликвија, ја чувал Виктор Шубиќ.

Во разговорот со него, новинарите од српски Kurir, дознале повеќе од тоа што било запишано во биографијата.

Фотографијата ја направил Чех по име Јинчик, со прекар Ненчик. Чехот исто така бил вработен во фабриката како алатничар, а фотографијата ја направил за време на попладневната пауза, за да имаат спомен од фабриката која тонела во стечај. Како што во биографијата не пишува како младиот Тито дошол во Камник, така ни Шубиќ не се сеќава точно. Верува дека тоа било некаде во март или април.

Алојз Чебуљ повеќе не е меѓу живите. Останало забележано неговото сеќавање.

"Дојде кај мене и веднаш го прашав: Сакаш ли да слушаш?" - "Сакам, одговорил младиот Јожа Броз" - "Тогаш му покажав како се острат ножеви. По еден час се вратив и видов дека Јожа работи одлично".


По доаѓањето во Камник, за него непозната средина, Јосип Броз брзо се спријателил со колегите, само што долго време зборувал некој хрватско-словенечки јазик. Набрзо одел со колегите на "по некоја чашка". Бил ненаметлив и тивок, се сеќава Шубиќ. Малиот Јожа најмногу го интересирале книгите.

Дури откако минал една година во "Титан" - фабриката паднала под стечај. Главниот шеф Петар Вебер, им порачал на педесетина работници кои останале без работа, да заминат во Чешка и таму да се вработат. Тргнале 18 работници, а меѓу нив и младиот Тито. Според неговото сеќавање, Шубиќ рекол дека за Јосип Броз повторно слушнал во 1942-та година. Веста дека некогашниот колега Јожа ги води југословенските партизани, ја донел Валтер Тврди. Шубиќ не поверувал веднаш, се додека Марија Улчарј, која видела германска потерница со ликот на Тито, веднаш рекла: Тоа е момчето што живееше кај нас.

По ослободувањето, Валтер Твдри ја пронашол заедничката фотографија и им предложил на работниците да му ја предадат на Тито како подарок. Во писмото го прашале дали се сеќава на тоа време. "Тоа е Камник. На фотографијата сум и јас", одговорил Тито.

На крајот од писмото ветил дека ќе ги посети своите поранешни колеги. Ветувањето, како и секогаш, го исполнил. На 8-ми август 1952-та година, Јосип Броз Тито дошол во Камник. Во дворот на "Титан" им зборувал на работниците, а потоа го прегрнал Валтер Шубиќ.

"Шубиќ, ти си веќе во пензија, а јас уште работам", се шегувал Тито.