Samsung Galaxy S6: Шифра „Проект Нула"

Точка

05/11/2014

20:58

7.930

Големина на фонт

а а а

Samsung не смее да си дозволи „пропаста“ да продолжи – приходите од мобилни телефони се намалиле за речиси 74%, па сега на големо се работи на „Проектот Нула”, кој мора да им ја врати владејачката позиција на пазарот!

Samsung Galaxy S6, следната генерација во водечката линија на паметни телефони од јужнокорејскиот технолошки гигант, моментално е во раната фаза на развој под шифрирано име „Проект Нула“, што е прв пат оваа компанија да користи ваков стил за кодирање, наведува „International Business Times”.

Откако заработката на одделението за мобилни телефони од Samsung падна за 73.9% во третиот квартал од 2014-та година, поточно на „само“ 1.6 милијарди долари, што е најлошиот профит уште од вториот квартал во 2011-та година, компанијата најави дека дека ќе ја „преправи“ линијата на паметни телефони за да може повторно да ги престигне ривалите на растечкиот пазар.


SamMobile пишува дека „Проект Нула“ е дел од многу поголем „поправен“ план и дека Galaxy S6 ќе се прави навистина од нула, односно од почеток.

Сепак, се уште многу малку информации се достапни за техничките карактеристики на идниот смартфон.

Уште во август кинескиот сајт Sina објави дека новиот телефон во главно ќе биде од метал. Samsung наводно преговарал со фирмите Foxconn, Pegatron и Winstron околу изградбата на металната обвивка. Меѓутоа, се пишуваше и дека потпретседателот на компанијата најавил дека Galaxy S6 можеби ќе биде направен и од потполно нови материјали.


Првично, процесорот кој ќе се наоѓа внатре во уредот ќе биде 64-битниот и ултра-моќен Snapdragon 810, кој целосно би ја искористил 64-битната архитектура на Android L. Како и досега, ќе постои втора верзија на Galaxy S5 која ќе доаѓа со сопствениот процесор на Samsung, Exynos 7420, кој исто така е 64-битен, но затоа поседува 8 јадра.

Exynos 7420 поседува face recognition функција, така што можно е ова да биде за првпат имплементирано во Galaxy S6.

Големината на екранот засега е непозната, но најверојатно ќе биде со QuadHD резолуција (2560 x 1440 пиксели), а камерата се очекува да биде 16MP или 21MP Sony Exmor RS IMX240, секако вклучувајќи оптичка стабилизација. Од предната страна можеме да очекуваме 5 мегапикселна предна камера.


Телефонот ќе доаѓа во три верзии - 32GB, 64GB и 128GB, а цената веројатно ќе биде идентична на претходниот модел.

Сепак, најверојатно, ќе мораме да почекаме до март за да ги провериме сите информации „од прва рака“. Во меѓувреме, закажано е претставувањето на смартфонот Galaxy Note Edge, првиот телефон на Samsung со искривен екран – за 14-ти ноември во САД.