"Street View" започна како експериментален проект, со неколку компјутери во задниот дел од џип SUV, прикачени камери од сите страни, ласери и GPS уред. Проектот помина долг пат од кога за прв пат беше пуштен во употреба во 2007-мата во САД, а сега се прошири на многу места низ целиот свет. Па конечно пристигна и во Македонија.
Во следните неколку недели ќе има големо присуство на автомобили на Google на улиците низ Македонија што ќе предизвика возбуда и ќе им го привлече вниманието на локалните технолошки ентузијасти. Google Maps сега го употребуваат повеќе од една милијарда корисници месечно како што и повеќе од 20% од пребарувањата на Google се за некоја локација. Ова е доволен доказ дека побарувачката за овој вид на дигитални фотографии само ќе продолжи да расте.

Три-димензионални фотографии ќе се направат во Скопје, Битола и во други градови во земјата, додека истото ќе биде направено следната година во повеќе градови во Македонија. Планот е да се покрие патната мрежа и најинтересните местенца во округот колку што е можно повеќе.

Собраните фотографии ќе бидат обработени и внимателно споени, што е технолошки процес кој може да одземе неколку месеци. Тие ќе бидат достапни подоцна на Street View на Google Maps.
Министерството за информатичко општество и администрација има активна соработка со функционерите на Google во насока на воведување на оваа услуга и во Македонија.
"Благодарение на Google Street View, Македонија ќе може да се види во нова "димензија" на компјутер или паметен телефон", изјави министерот за информатичко општество и администрација Иво Ивановски.
"Ова е особено важно за развојот на туризмот, и би можело да придонесе за подобро позиционирање на Македонија на глобалната туристичка мапа па убавината на нашата земја може да се види на кој било уред со интернет конекција", истакна министерот.
"Многу корисници во Македонија ни пишале дека тие би биле воодушевени доколку Street View биде достапно и во Македонија исто така. Затоа, денес, ние сме особено среќни да го објавиме почетокот на нашето патување и да направиме прекрасните улици и градови на Македонија да бидат достапни за нашите корисници ширум светот", изјави Амита Катри - програм менаџер во Street View на Google.
За разлика од Македонија, која го повика Google, голем број европски земји го тужат Google Street View за загрозување на приватноста на граѓаните бидејќи домовите и имотите им се достапни на интернет и би можел секој да ги гледа без согласност на сопственикот.