63-годишен маж од Скопје е пронајден мртов во својот дом во Општина Аеродром, а истрагата е во тек под надзор на јавен обвинител.
Шеесет и тригодишниот К.С. од Скопје бил пронајден починат во својот дом на подрачјето на општина Аеродром.
Како што соопшти МВР, случајот бил пријавен во СВР Скопје на 20 јуни во 21:45 часот.
Лекар констатирал смрт, а по наредба на јавен обвинител телото на починатиот е предадено во Институтот за судска медицина за обдукција.
Увид на местото извршила увидна екипа на СВР Скопје.







