16-годишно девојче од Штип следено додека шетало покрај Брегалница, па сексуално вознемирувано

Макфакс

21/06/2026

12:54

274

Големина на фонт

а а а

Обвинителството во Штип отвори истрага за случај на сексуално вознемирување на 16-годишно девојче, кое било следено и принудено на полови дејствија покрај реката Брегалница. Осомничениот е предложен за мерка притвор поради опасност од бегство и влијание врз оштетената.

Обвинителството отвори истрага против едно лице за кое постои основано сомнение дека извршило други полови дејствија врз 16-годишно девојче.

„На 18 јуни, додека жртвата се движела по пешачката патека покрај реката Брегалница во Штип, осомничениот започнал да ја следи. Девојчето, чувствувајќи се непријатно, седнало на клупа, очекувајќи дека тој ќе продолжи да се движи. Но осомничениот седнал до неа и започнал да ја вознемирува и принудува на други полови дејствија. Оштетената исплашена гоintään од себе и избегала“, соопшти Обвинителството.

Поради опасност од бегство, оправдан страв дека осомничениот ќе ги сокрие или уништи трагите на кривичното дело и дека ќе ја попречува кривичната постапка со влијание врз оштетената или дека ќе го повтори кривичното дело, јавниот обвинител до судијата на претходна постапка достави предлог за определување мерка притвор.