Вечерва во елитниот локал Барбакан со почеток од 21 часот настап ќе имаат неверојатните Тзоотзоонга Ансамбл од Белград.
Тзоотзоонга Ансамбл е белградски латино-медитеран-свинг квартет кој изведува џез стандарди во свинг и боса нова аранжмани.
Овој врвен квартет се одликува со неверојатна способност за фантастични трансформации, пред се благодарејќи на долгогодишното искуство на членовите на ансамблот. Имено Тзоотзоонга Ансамбл го сочинуваат професионални музичари кои со овој и со слични програми настапувале низ целиот свет од Италија, Франција, Бугарија, Украина, Англија па се до Јапонија.
Ако сте љубители на нивната музика или пак сакате за прв пат да ги чуете повелете вечерва, со почеток од 21 часот, во Барбакан и поминете незаборавна вечер со звуците на Тзоотзоонга Ансамбл.