Ким – вкусен зачин со многу добри страни!

Точка

04/12/2013

19:44

11.247

Големина на фонт

а а а

Други имиња: кумин, див кумин, полски ким, питом ким Латинско име: Carum carvi Англиски: Caraway

Кимот е двегодишна билка со аглесто и разгрането стебло. Листовите се двократно перасти, а многу од нив се многу ситни и имаат пршленест облик. Коренот на кимот е бел, а обликот му е како морков. Цветовите имаат бела боја и се собрани во грозд.

Плодот е долгнавест и ребраст. Има пет здружени ребра во чие вдлабнатини се сместени маслени канали. Мирисот на семето е силен и ароматичен. Вкусот е многу силен и угоден, и грее.


Коренот има исти, но малку поблаги изразени својства на мирис и вкус. Главна состојка на кимот е етеричното масло. Има и белковини, танин, смола, восок, слуз, целулоза, шеќери, боја и калциум-оксилат.

Етеричното масло се добива со дестилација со помош на водена пареа од свежо ожнеаните и здробените плодови. Етеричното масло од ким е бистро, безбојно и слабо жолтеникаво, во течна агрегатна состојба. Главни состојки на маслото се карвон и терпен лимонен, а има и малку дихидрокарвон, карвеол и дихидрокарвеол.


Кимот расте како дива билка на ливадите. Со оглед на големата побарувачка се одгледува во градините и на нивите. Лековит дел на билката, во есен за време на созревањето, е семето. Во пролет лековит е и коренот.

Лековито дејство: кимот има лесно благотворни својства, бидејќи загрева, го зајакнува желудникот, го забрзува метаболизмот и излачувањето на мокрача. Кимот особено им се препорачува на жените бидејќи ја олеснува менструалната болка и ги смирува грчевите, ги олеснува породилните болки и самото породување, а го подобрува и излачувањето на млеко за време на доењето.


Етеричното масло се употребува и во ликерската индустрија, козметиката, парифимериите и медицината. Карактеристичниот мирис го дава една состојка на етеричното масло – карвонот.