Ромите ја учеле малата Марија да танцува за пари

Нетпрес

21/10/2013

12:25

4.618

Големина на фонт

а а а

Девојчето што беше најдено во ромски камп во Грција наречено "русокосиот ангел", било купено за 500 евра од бугарска мајка, пренесуваат локалните медиуми.

Според нив биолошката мајка на девојчето се наоѓала во Атина, а бугарските Роми во регионот знаеле доволно детали кои ќе им помогнат на полицајците во истрагата.

Локалната полиција веќе работи на истрагата за канал за внесување на бремени жени од Бугарија, кои раѓаат во Грција, по што децата се продаваат.

Грчката телевизија „Алфа ТВ“ пак објави повеќе видеа од малата Марија на ЈуТјуб, на кои се гледа како девојчето е присилено да учи да танцува, под будното око на постара Ромка, која на неколку пати го повлекува девојчето за рака и ја принудува да игра.



Марија беше пронајдена во средата во ромски камп во Фарсала во централна Грција, а ДНК-тестовите докажаа дека мажот и жената, со кои живеело девојчето, не се нејзините биолошки родители.

Директорот на социјалната служба во Лариса, Костас Јанополус истакна дека двојката кај која беше пронајдено девојчето се однесувале со неа како со „мечка за танцување“, при што ја принудувале и да питачи.



Спонзорирани линкови

Маркетинг