Самсунг го претстави првиот паметен телефон со заоблен екран

Точка

09/10/2013

18:33

8.031

Големина на фонт

а а а

Светскиот водечки производител на паметни телефони, компанијата "Samsung Electronics" го претставила својот нов модел на мобилен телефон со заоблен екран.

Станува збор за паметниот телефон насловен како "Galaxy Round", чиј што екран има големина од 5.7 инчи.


Овој нов модел бил претставен само два дена откако конкурентот "LG" го најавил почетокот на производството на паметни телефони со заоблен екран кон почетокот на следната година.

Технологијата на дигиталните екрани во изминатиот период забележала голем напредок кога станува збор за заоблените екрани, а "Samsung" и "LG" веќе започнале со користењето на заоблени органски диоди кои емитуваат светлина при производството на своите "OLED" телевизиски екрани.


Претставниците на компанијата "Samsung Electronics" соопштиле дека заоблениот екран ќе им помогне на нивните клиенти полесно да проверуваат најразлични информации, како што е датумот, времето или пак пропуштените повици, податоци кои што ќе можат да ги видат дури и кога екранот ќе биде исклучен.

Истовремено, корисниците ќе можат да менуваат и песни од својата листа, исто така додека екранот е исклучен.


Мобилниот телефон "Galaxy Round" ќе биде достапен во Јужна Кореја, но останува непознато кога истиот ќе стигне и до останатите купувачи ширум светот.