Македонец е дел од победничкиот тим на Светскиот натпревар во препознавање на активности

Точка

07/10/2013

12:15

10.062

Големина на фонт

а а а

Христијан Ѓорески, истражувач на Одделот за интелигентни системи на Институтот Јожеф Стефан во Љубљана, беше дел од тимот на институтот на натпреварот за препознавање на активности организиран од ЕУ, кој се одржа во Валенсија, Шпанија.

Христијан моментално ја слуша третата година од докторските студии на Јожеф Стефан Интернационалното постдипломско училиште во Љубљана. Неговата област на истражување е вештачката интелигенција и интелигентните системи, со фокус на амбиенталната интелигенција, дисциплина која има за цел да вклучи интелигентни компјутерски системи во човековата околина на што е можно подискретен начин.


Тој е поранешен студент на Факултетот за електроинженеринг и информатички технологии (ФЕИТ), магистер на науки на Институтот Јожеф Стефан, а таму моментално работи и на својот докторат.

Младиот македонски научник е и повеќепати наградуван на натпревари по математика, 3 пати наградуван за особен труд и достигнувања на ФЕИТ, и добитник на стипендија за докторат во Словенија од странска земја, овозможена од Словенскиот фонд за развивање на хумани ресурси и стипендии.


Христијан беше дел од тимот на Институтот Јожеф Стефан, заедно со Симон Козина, Матјаж Гамс и Митја Луштрек, со кои настапи на овогодинешното, трето светско првенство во препознавање на активности (Evaluating AAL Systems through Competitive Benchmarking) во Валенсија.

Победата ја постигнаа со точно препознавање на активности со помош на безжични сензори вшиени во облека и специјално развиен софтвер достапен на јавноста.


Третото светско првенство во препознавање на активности (Evaluating AAL Systems through Competitive Benchmarking) се одвиваше во јули во Валенсија, Шпанија. Прогласувањето на резултатите беше на 27-ми минатиот месец на AAL Forum (www.aalforum.eu) во Норшепинг (Norrköping) во Шведска, кое што секоја година го организира Европската програма “Ambient Assisted Living”. Натпреварот е организиран од страна на ЕУ, но тој е отворен за екипи од целиот свет. Освен Европските натпреварувачи, на овој натпревар најчесто присуствуваат Американци, Јапонци и Руси.


Оваа година , меѓу четирите финалисти убедлива победа освои тимот на ИЈС со највисок резултат досега, подобар дури и од минатогодишното достигнување на американскиот универизитет Карнеги Мелон -“CMU”.

На финалната средба екипите ги инсталираат своите системи за препознавање на активности во специјална лабораторија опремена како живеалиште при што волонтер - тест личност ги изведува претходно пропишаните активности. Задача на натпреварувачките системи е што подобро да ги препознаат активностите а воедно и што помалку да и сметаат на тест-личноста во секојдневните активности. Покрај прецизноста на препознавање, судиите ја оценуваа и брзината на препознавање на активностите, колку самиот сензорски систем е прифатлив од страна на корисникот како и отвореноста и достапноста на софтверот - документација, пристап до апликацијата и кодот.
Подготовките за натпреварот течеа половина година, и се засноваа на серија на меѓународни проекти (главно “Confidence” и “Chiron”), каде што Одделот за интелигентни системи соработувал со светски експерти во областа на амбиенталната интелигенција и AAL .


Освен сензорите кои што се комерцијални, истражувачите на ИЈС целосно го развиваат системот почнувајќи од оригинални алгоритми кои интелигентно комбинираат повеќе пристапи, па се’ до финалното шиење на сензорите во облека.

На одделот за Интелигентни системи на ИЈС се занимаваат со амбиентална интелегенција , дисциплина која има за цел да вклучи интелигентни компјутерски системи во човековата околина на што е можно подискретен начин.


Апликаците за амбиентална интелигенција се стремат да му понудат на корисникот вистинска услуга во вистинско време , за што прво треба да ја разберат ситуацијата во која тој се наоѓа.

Суштински дел на разбирање на ситуацијата е што тоа корисникот прави во моментот, односно потребата од препознавање на неговите активности. Ова е важен проблем, а на тоа укажува и фактот дека ова е веќе трета година по ред да се организира меѓународен натпревар за препознавање на активности - EvAAL .


Организаторот е посебно заинтересиран за дисциплината “Ambient Assistant Living” (AAL па оттука и акронимот - EvAAL), што значи aпликација на амбиенталната интелигенција наменета за постарите, болните и сите оние кои што во секојдневниот живот имаат потреба од помош.


Спонзорирани линкови

Маркетинг