Тироидектомија (отстранување на штитната жлезда) - Што потоа?
Тироидектомијата е хируршка интервенција која подразбира отстранување на тироидната жлезда.
При интервенцијата се пристапува по средната линија на предната страна на вратот.Понекогаш доколку е потребно се вадат и околните лимфни јазли или околните ткива. Доколу се отстранува целата жлезда тогаш говориме за тотална тироидектомија, иако денеска се практикуваат помалку радикални интервенции каде што се сочувува еден мал дел од едниот лобус на тироидната жлезда, а таа интервенција се означува како субтотална тироидектомија.Доколку се отстранува само половина од тироидната жлезда тогаш станува збор за хемитироидектомија. Секоја од овие интервенции е индицирана кај соодветни состојби. Малигните тумори на тироидната жлезда бараат најрадикален пристап каде што се прави тотална тироидектомија и дополнително се вадат и соодветните лимфни јазли. Доколку постои аденом на тироидеата во едниот лобус тогаш би се правела хемитироидектомија при што се отстранува само половина тироидеа, а другата половина останува нормално да функционира.Доколку пак постојат аденоми (јазли) односно кај мултинодозната струма тогаш најдобро е да се направи субтотална тироидектомија каде што се вадат ¾ од тироидното ткиво, а само ¼ здраво ткиво останува да функционира.
Индикации за оперативен зафат на тироидната жлезда се:
- аденом на тироидеата (бениген тумор) доколку медикаментозниот третман не дава резултати тогаш за да се избегне ризикот за малигнизација поголемите аденоми би требало хируршки да се отстрана

- мултинодозна струма – состојба кога во двата лобуса на тироидеата постојат поголем број на јазли кои може да бидат хормоснки активни или пак неактивни, без оглед на тоа по подолговремено перзистирање би требало хируршки да се отстранат бидејќи тие имаат тенденција да растат
- карцином на тироидеата – малигномот кој потекнува од клетките на тироидеата кој го создават Т3 и Т4 секогаш мора да биде хирурши третиран и тоа колку порадикално толку подобро каде што е неопходно да се отстрани целата тироидеа заедно со околните лимфни јазли
- медуларен карцином на тироидеа
- ретко автоимуните процеси како што се Хашимотовиот тироидит и Базедовата болест може да бидат индикации за оперативни зафати

- козметски односно естетски причини кај бенигните аденои (јазли)
- компресивен синдорм – оваа состојба се јавува најчесто како резултат на дифузно зголемување на тироидеата , но не е исклучено и кај аденомите, особено доколку се големи или повеќе на број. Притоа тироидеата врши притисок на душникот и го отежнува дишењето, па пациентот може да страда од гушење или пак притисок врз голтникот при што пациентите ќе имаат проблем со голтањето.
Безоглед на индикациите за оперативниот зафат сигурно се запрашувате како ќе функционира човековиот организам без тироидната жлезда. Она што е неопходно да се знае во врска со периодот по оперативниот зафат е дека пациентот ќе прима хормон заместителна терапија до крајот на својот живот. Дозирањето на хормонот се прави врз основа на возраста и потребите на пациентот како и врз основа на телесната тежина. Лековите немаат штетни дејства туку напротив го надополнуваат хормонот кој на организмот му недостасува и е неопходен за да се регулираат метаболните процеси на клеточно ниво. Малигните болести побаруваат и постоперативна ирадијација или пак будно следње на пациентот со цел рано да се детектираат рецидиви и метастази. Оттука може да заклучиме дека животот без тироидеата е возможен, но се разбира со примање на соодветна хормон заместителна терапија.

Она што е интересно, а на пациентите малку познато е дека отстранувањето на тироидеата значи и истовремено одстранување на паратиоридните жлезди. Паратироидните жлезди се 4 на број и се наоѓаат на задната страна на тироидната жлезда, но бидејќи се премногу мали не не се разликуваат битно од тироидното ткиво тие не може да се остават интактни туку иако се здрави се вадат заедно со тироидеата. Но тие мандаторно мора да бидат повторно имплантирани поткожно најчесто на раката.Нивното отстранување без притоа да бидат повторно имплантирани би било животно загрозувачко бидејќи овие жлезди лачат многу важен хормон кој го регулира нивото на калциумот во организмот.Тој хормон се означува како паратхормон и има својство да го црпи калциумот од коските за да го одржи нормално нивото на калциум во крвта.Доколку овој хормон недостасува тогаш нивото на калциум паѓа пог критичните граници по што настанува состојба на мускулна екцитација кога се јавуваат грчеви и пациентот умира во тетанија. Тетанијата е опасна состојба доколку навистина недостасува паратхормонот. Затоа неоподно е паратироидните жлезди да бидат сочувани и потоа имплантирани во некоја регија поткожно со цел да создаваат доволно паратхормон како не би се довел организмот во услови за јавување на тетанија.Во постоперативниот период може да се надоместува калциумот во таблетарна форма, во зависност од лабораторискиот наод на нивото на калциум во крвта.

Тироидектомијата вообичаено значи и комплетно излекување на заболувањата доколку тие имаат бенигна природа.малигните заболувања се со доста непредвидлив тек и прогноза бидејќи секогаш постојат услови за повторно јавување на малигната болест поради можноста за постоење на скриени микрометастази во блиските или далечни лимфни јазли. Понекогаш кај пациентите кај кои е направена субтотална тироидектомија може повторно да се јави заболувањето во оној дел од тироидеата кој е оставен во органезмот, ова особено важи за аденомите.Аденомите се бенигни тумори и особено доколу не се хормонски активни (ладни јазли) тогаш не предизвикуваат особени клинички знаци кои не би можеле да се поправат со лекови, но сепак тие би било добро оперативно да се отстранат поради тоа што долговременото перзистирање го зголемува ризикот за нивно малигно променување, особено на оние големите аденоми. Друга причина за оперативен третман на аденомите и на мултинодозната струма е естетската компонента на овие заболувања, бидејќи често пациентите имаат проблем со самодовербата и перцепцијата за себе бидејќи јазловидните формации во предниот дел на вратот им причинуваат проблем и предизвикуваат анксиозност и срам кој некогаш може да биде причина и за комплетна изолација на пациентот. Затоа оперативниот третман на тироидеата не треба да се свати како опасен оперативен зафат, туку напротив како рутинса интервенција која најверојатно дефинитивно ќе го реши вашиот проблем со тироидеата.
Автор: Филип Наумовски, студент по медицина