Гравиолата во лечењето на малигните болести ги уништува само канцерогените клетки, го штити имунолошкиот систем, го спречува настанувањето на смртоносни инфекции, и воспоставува нормална работа на органите.
На врвот на листата на можни антиканцерогени растенија, според мислењето на експертите, се наоѓа суперрастението гравиола (Annona muricata), билка која расте во Средна и Јужна Америка. Нејзиното природно потекло води од југот на Мексико, Перу и дел од Бразил, додека најмасовно се одгледува на просторите на Северна Америка и западна Африка. Гравиолата е зимзелено растение со благ и пријатен вкус, кој потсеќа на јогурт од јагода, комбиниран со ананас и банана.

Успева во подрачјата со висока влажност и релативно топли зими, бидејќи не поднесува температура под пет степени. На ниски температури лисјата и ситните гранки трпат неповратно оштетување, губејќи ги драгоцените лековити состојки.
За исхрана се употребува плодот во свеж облик или како сок, а лековито е целото растение – кората, листовите, плодот и семето. Во перуанската Амазонија чајот од листови од гравиола се користи како средство за смирување и против дијабетес, додека во бразилска Амазонија овој чај го користат за лекување на црниот дроб. Во Индија го препорачуваат за подобар сон, против болести на жолчката и настинки, но и како средство за побрзо отрезнување. Во Африка своја примена наоѓа како аналгетик и како лек за детска треска.

Но, современите истражувања покажале дека гравиолата има силно антиканцерогено дејство. Ако може да им се верува на истражувачите, гравиолата лесно и ефективно ги убива клетките на рак, и е дури десет пати посилна во однос на современите лекови кои се користат во хемотерапијата.

Освен тоа, за разлика од цитостатиците кои ги уништуваат и здравите клетки, оваа билка деструктивно делува исклучиво на клетките на канцерот. Лабораториски тестови покажале дека екстрактот на гравиола од стеблото ги убива малигните клетки на 12 видови карцином, меѓу кои и карциномот на дебелото црево, дојката, простатата, белите дробови и грлото.
Во лечењето на малигни болести делува на повеќе нивоа – ги уништува малигните клетки без штетни пропратни еефекти како мачнина, губење на тежината и косата. Истовремено, го штити имунолошкиот систем, помага во одбегнувањето на смртоносни инфекции, воспоставува нормална работа на организмот, ја враќа животната енергија и позитивниот поглед на животот.

Поволно делува и на работата на внатрешните органи, успешно се бори со печурки, бактерии и паразити, ја ублажува депресивната сопстојба, делува смирувачки на нервниот систем и го регулира крвниот притисок. Јужноамериканските Индијанци, меѓу другото, ја користат и за лечење на срцеви болести, астма и артритис.
Освен антиканцерогените состојки, зрелите плодови на гравиола се вистинска ризница на витамини Ц, Б1 и Б2, како и минералот фосфор. Појавата на атипични форми на Паркинсонова болест е единствената несакана појава до која може да дојде доколку гравиолата се конзумира во неограничени количини. Причина за тоа е големата количина на анонацин, супстанца која е поврзана со одредени форми на Паркинсоновата болест.
Во Америка е изведен обид гравиолата да се клонира, но после тоа не ги поседувала антиканцерогените својства.