Без разлика дали се обидувате да забремените или се надевате дека не сте бремена, секој месец добивате низа на симптоми кои говорат дека сте или не сте трудни. Но знаците не се секогаш едноставни и тие можат да ве излажат.
Она што може да се протолкува како симптом за бременост може да биде и знак за ПМС. Еве кои се тие збунувачки знаци:
Болни дојки
Градите се често првиот дел од телото кои добиваат известување за бременоста. Реакцијата на дојките за бременоста се разликуваат од жена до жена, но дојките во раната бременост можат да бидат чувствителни, болни, отечени, а неретко може да се почувствува и пецкање. Меѓутоа, овие симптоми не се разликуваат многу од дојките за време на ПМС и тие само можат да бидат знак дека доаѓа менструација.
Мачнина
Симптомот мачнина може да се појави рано, во некои случаи дури само неколку дена после зачнувањето, иако е поверојатно дека ќе се појави четири седмици подоцна. Но мачнината може да биде фантомска и таа исто така се појавува кај жени кои стравуваат дека се бремени, а всушност не се.

Промена на расположение
Во еден момент сте најсреќната девојка на светот, но во друг, целата тага во светот е на вашиот грб? Драстичните промени на расположението се еден од раните знаци на бременоста, но тоа е и знак за ПМС. Затоа, само врз основа на промените во расположението, не можете да заклучите дали сте бремена или не.
Замор
Раната бременост, во првите четири месеци по правило ја прави мајката многу заморна, поспана и заљубена во креветот. Тоа е затоа што телото се подготвува за развој на детето, за што е потребно многу енергија. Но заморот е многу присутен во денешно време, па така ако жената е постојано под притисок, може да се чуствува и зголемување на заморот поради ПМС.

Надуеност
Чуството на надуеност може да се појави многу рано, иако може многу тешко да се разликува од надуеноста пред менструација. Но, доколку се работи за бременост, симптомите на надуеност се предизвикани од хормоните кои се лачат во раната бременост, пред се’ хормонот прогестерон. Хормоните ја забавуваат работата на дигестивниот систем па затоа се создава чувството на надуеност. Сепак, тоа е знак кој може да измами бидејќи може да се појави и за време на ПМС.