Пред болницата "St.Mary" во Лондон конечно се појавија Кејт Мидлтон и принцот Вилијам, заедно со нивното дете, штотуку родениот принц!
Облечена во син фустан, Кејт Мидлтон и нејзиниот сопруг, принцот Вилијам, пред само неколку минути на светот му го претставија штотуку родениот принц.
"Сигурно секој родител знае дека ова е најубавото чувство. Се уште размислуваме за име. Ви благодариме за се! И среќен сум што тој ја има нејзината убавина", изјави принцот Вилијам во краткото интервју кое што го даде пред болницата.
Блесокот во нивните очи и широката насмевка се само уште еден доказ за нивната неизмерна среќа, за раѓањето на нивното прво дете, настан на кој што се радува и цела Велика Британија.
Од второто видео можете да погледнете и како изгледаше кога принцезата Дијана и принцот Чарлс за првпат на светот му го претставија принцот Вилијам!